Како што за Тера телевизија изјави претседателот на Општината Изборна Комисија во Битола Игор Талевски, до денеска претпладне до комисијата беа доставени пет кандидатури за градоначалник на Битола и тоа Габриела Илиевска група избирачи која собираше потписи, а е од „Поинаку“, Васко Деловски исто така преложен од група избирачи, Зоран Николовски кој како и претходните два е независен кандидат, но јавно ја доби поддршката од „Левица“, Мирјана Мирчевски предложена од политичката партија „Македонска Ера Трета Суверенисти“, како и Ќире Димов предложен од политичката партија ТМРО.
До комисијата поднесени се и шест листи за советници и тоа од „Поинаку“, потоа независната листа на Зоран Зазаровски-Паљо, „Левица“, „Знам“ „Македонска Ера Трета Суверенисти“, како и политичката партија „ГРаѓанска ИНицијатива ГРИН“.
ОИК врши проверка на листите веднаш односно најдоцна во рок од 24 часа од приемот на листата. Ако ОИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.
Ако ОИК утврди дека констатираните неправилности или пропусти, подносителот на листата не ги отстранил во рокот од 48 часа, поднесената листа ќе ја отфрли со решение најдоцна во рок од 24 часа, сметајќи од истекот на рокот за отстранување на неправилностите.
Рокот за доставување на кандидатските листи и за градоначалници и за советсничките листи до Општинските изборни комисии истекува вечерва на полноќ.












