Искрени честитки по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави 4-ти Јули и посака градоначалникот на Битола, на американската амбасадорка Анџела Агелер.

„На покана на Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела П. Агелер, имав чест да присуствував на приемот по повод 249-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави – 4 Јули и 30 години од воспоставувањето на билатерални односи помеѓу Македонија и САД. Нека и следните 30 години пријателство и стратешко партнерство помеѓу нашите два народа бидат уште поуспешни и инспиративни“ стои во објавата на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на неговиот Фејзбук профил.















