Попладнево се возеше 63-та критична маса, од која уште еднаш се побара велоинфраструктура во градот кој е преплавен со автомобили.

Собирното место беше во градскиот парк, а потоа низ големите сообраќајници, еден круг низ градот да се анимира и јавноста и надлежните за потребата од велосипедски патеки.

„За велоагендата, за велосипедските патеки се зборува многу време, се зборувало и се уште се зборува, сега е и актуелна тема. Се на ниво на проекти и стратегии и документација до сега се зборувало, така што гледаме дека сеуште на тоа ниво се разговара и сакаме тоа на терен да го видиме што побргу. Советниците можат да продолжат со дискусиите, меѓутоа ние апелираме што побргу да излезат со свои аргументи и да се соочат и да ја затворат дискусијата и побргу да се започне со реализација, затоа што градежните сезони секоја година не одминуваат, а на терен не се случува ништо“ рече Виктор Илиев од Битола на точак.

Илиев го прашавме околу проектот за изградба на велосипедски патеки, а кој е закочен во Советот на Битола, за што дел од советниците не дадоа зелено светло да почне реализацијата.

„Сега со проектот на Општината има најконкретна работа, се зборува за конкретен проект, со обезбедено финансирање, одобрение и сите потребни работи и сега се отвори дебата во советот дали да се оди со иницијаниот проект или пренамена на средства. Јасен е нашиот став, се залагаме за велосипедски патеки. За што иницијано бил проектот нас не не интересира, ние сакаме да ја зајакнеме велосипедската и пешачката инфраструктура, односно сите видови на алтернативни начини за движење низ градот, затоа што градот стана неподнослив со 30 илјади возила“ рече тој.

На денешната критична маса беше и советникот и координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, кој потсети дека овие критични маси се посетувани од поголем дел од политичарите само во предизборните кампањи.
„Не треба да се доаѓа на оваа критична маса како што беше пракса во изминатите години кога имаше избори, дали локални или парламентарни. Сведоци бевме дека поголемиот дел од политички партии кои што за жал денеска не се тука, не се присутни, не треба да се доаѓа само кога има избори. Дојдовме ние денеска апсолутно да дадеме поддршка на ова што го зборувавме на локалните избори дека ќе изградиме велосипедски патеки. Битола е на чекот до велосипедските патеки, имаме одобрен проект, единствено што чекаме е волјата од страна на советниците на СДСМ, Поинаку и Левица, да изгласаат одлука за кофинансирање на проектот и да започне процедурата за изградба на велосипедски патеки во должина од 5,3 км.
За жал денеска ниту еден советник од оние што ги споменав не гледам дека е тука присутен, а истите беа најгласни во предизбието и во текот на сите мандати кои што ги имаа локални самоуправи дека треба да има велосипедски патеки, денес никој од нив не се одважи да дојде тука и да им објасни на овие луѓе зошто не ги поддржаа велосипедските патеки, односно кој е проблемот, доколку има проблем да го кажат тоа јавно тука и пред вас медиумите, а не да се кријат во своите домови и да не излегуваат од нивната удобност дома, меѓутоа граѓаните се доволно паметни и мислам дека точно проценија дека тие единствено што сакаат е да кочат, да не придонесат Битола да има велосипедски патеки, односно да се направи една политичка штета, која што во моментов самите си ја прават, но се надевам дека се свесни и дека увидоа дека граѓаните сакаат велосипедски патеки во Битола за прв пат, онакви како што заслужува градот“, рече Бојкоски.
И додаде дека се надева на нивната добра волја на некоја од наредните седници да изгласаат одлука за кофинансирање на проектот и рече дека за ова се огласи и делегацијата на ЕУ во Македонија со соопштението кое што беше пренесено во медиумите дека се загрижени за имплементацијата на проектот, а дека советниците ја сваќаат и нивната порака и денешната порака од граѓаните.
Го прашавме и за барањето на дел од советниците за дообјаснување, а тој вели дека таквото барањето било само алиб и додаде дека дообјаснување на проектот може да побара донаторот, а тоа е Делегацијата на ЕУ.
„Она што тие го одобриле значи дека има проект и дека проектот е во ред, дека може да се имплементира. И на седниците и на Советот и на комисиите се беше детално објаснето, но единствената цел им е само кочење и ништо друго“ вели тој.
На денешната критична маса возеше и секретарот на општината Борче Димитровски.

Денеска возеше и младината на СДСМ. Имаа и свои пораки.

„Денес се приклучуваме на 63-та критична маса преку која се обидуваме да ги зголемиме ставовите и мислењата на граѓаните за потребата од постоење на велосипедски патеки. Сега е времето кога е повеќе од потребно од било кога велосипедска патека за младиот човек да може слободно да спортува и рекреира. Денеска е ново време и апелираме до општинската власт и до советниците во Советот дека потребен е консензус за решавање на овие работи кои се потреба за младиот човек во Општина Битола“ рече Андреј Гулабовски, претседател на социјалдемократската младина во Битола.















