ТЕРА

REKLAMA???

ЛУКАСКОИН ГО ЗАТВОРИ АЦА?

Македонските и српските медиуми денеска се во трка да ја потрвдат информацијата за наводното притворање на Аца Лукас на концерт во Кавадарци. Концерт кој се случувал без соодветна дозвола. И додека српските медиуми испраќаат поддршка, македонските се обидуваат да стигнат до вистината.

Српски Курир ја пренесува изјавата на Саша Мирковиќ, менаџерот на популарниот пејач, кој со изразена целосна поддршка за Лукас, синоќа му порачал дека ќе оди да си легне. Многу од порталите кои се занимаваат со следење на животите на српските ѕвезди  невешто ги поврзуваат овој прекин на концертот со прекинатиот концерт на Цеца пред нецел месец, којшто се случи откако Цеца на сцена се „облече“ во бугарско знаме.

фоточ Слика од екран/ курир.рс

 

Македонските медиуми пак во очекување на официјалните информации од СВР Кавадарци, односно МВР се осврнуваат кон зборувањата на дел од публиката којашто била присутна во кафулето „Рома“ во Кавадарци. Спроед нив, кафулето немало дозвола да го реализира концертот. А најавена била и наводна промоција на криптовалута насловена ЛУКАСКОИН којашто требало да се продава по 300 евра.

Според неофицијални податоци, од кавадарчани, во кафулето била направена рација од инспектори на УЈП со асистенција на полицијата.

Аца Лукас и пред две години  беше приведен од полицијата во Кавадарци, поради одржување на концерт без посебната дозвола за работа којашто ја добиваат сите припадници на естрадата кои одржуваа концерт во Македонија