ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА ОД АЗЕРБЕЈЏАН ВО ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ГОДИНАВА

Македонската репрезентација е поразена од Азербејџан со 1-3 на пријателскиот натпревар одигран денеска на Националната арена “Тодор Проески“ во Скопје. Нашата најдобра селекција одигра под очекувањата, а противникот целосно го искорити „лошиот“ ден на фудбалерите предводени од Благоја Милевски.

Барди донесе водство од пенал, но Азербејџан одигра поквалитетно и заслужено победи. Во 38. минута Азеребејџан израмни на 1-1, откако Јафаргулиев максимално прецизно го погоди левиот долен агол на немоќниот Шишковски. До крајот на полувремето и двете селекции имаа по една голема шанса, посебно онаа на Несторовски беше изгледна, но неговиот шут со глава за малку беше непрецизен.

Во 52. минута останавме со играч помалку. Николов доби втор жолт, односно црвен и Македонија остана со играч помалку на влажниот терен на Арената во Скопје.

Сето тоа го искористи Азербејџан, кои во 65.минута постигна гол за 1-2. По нафрлената топка од корнер, Гурбанли со глава успеа да ја затресе нашата мрежа.

Македонија беше во дефанзија, гостите напаѓаа, се закануваа, а ние се обидувавме од контри да дојдеме до израмнување на резултатот. Во 75. минута силите на теренот беа израмнети. Хагверди доби директен црвен картон зошто неспортски стартуваше врз Етеми.

Милевски во игра внесе три нови играчи, Бабунски, Димоски и Бејтулаи, а ги извади Елмас, Ристовски и Ашковски. Во 80. минута Јани Атанасов испрати “бомба“ кон гостинскиот гол, но ја погоди пречката.Во 83.минута во игра влезе Мартин Мирчевски, негово деби во репрезентацијата.

Следуваше нова пречка, овојпат на Барди, а веднаш потоа на спротивната страна Шејдаев стрела прецизно за конечни 1-3.