ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНСКАТА БРУТАЛИСТИЧКА АРХИТЕКТУРА КАКО СЦЕНА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА

На Меморијалната костурница во Кавадарци е снимен првиот диџеј сет од серијалот на продуцентот и диџеј DULELUD.

Станува збор за проект кој ги спојува музиката со македонската архитектура, и токму затоа како прва локација е избрано едно од највпечатливите дела на бруталистичката архитектура во Македонија – Меморијалната костурница.

Локацијата е избрана поради нејзината историска, културна и архитектонска вредност, а целта е преку музиката да се претстави овој простор од поинаков, современ агол.

Музичката селекција е составена од Melodic, Progressive и Afro House композиции, а вклучува и авторски изданија на DULELUD како и (необјавена) музика од негови блиски пријатели и колеги диџеи и продуценти со кои соработувал низ годините.