Македонскиот виртуоз, Стефче Стојковски, во Прилеп одржа извонреден концерт, презентирајќи го богатиот македонски фолклор.
Публиката уживаше во синтезата на исконското и модерното, како и во изведбите на ората Потрчано, Радосно, Цвеќеберачко, Пиринско и т.н.
Заслужени аплаузи за Стојковски за ширењето на изворната музика и за неговата љубов кон Македонија. На концертот одлично се претставија и гостите, Октет Прилеп и фолклорниот ансамбл “Моминок”.












