Охрид – Еурофарм Пелистер 21-24 (11-12)
Еурофарм Пелистер потешко од очекувањата стигна до бодови на гостувањето против Охрид, славејќи со резултат 21-24. Се очекуваше битолчани полесно да дојдат до триумф, но охриѓани играа мотивирано и организирано. На крајот, искуството и квалитетот сепак пресудија, па составот на Жељко Бабиќ стигна до посакуваниот резултат, останувајќи во трката за титулата.
Мандалиниќ и Граџан заедно постигнаа седумнаесет голови за пелистерци, а Филип Николов со девет гола беше најдобар поединец во поразениот табор.
Во следното деветто коло за две недели се игра градското дерби меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер.












