Мебелот е темата за овој прилог. И на оваа столица се седи…. и на една од овие исто така се седи. На оваа лево местото не му е тука, овие од десната фотографија се за тука.

Деновиве мебелот е актуелен. Не за тоа дали некој ќе опремува дом, туку се сеќавате американскиот претседател Доналд Трамп кој кажа дека од 1 октомври САД за увоз на тапациран мебел има царина од 30 проценти.
Ниту оваа столица, ниту таа од Советот, извинети фотелја за втората, не се предмет на извоз/увоз во САД, туку се илустрација на состојбата.
И тоа го направи еден од советниците кој има загарантиран влез во новиот Совет. Седна на неа и критикуваше, што е разбирливо за советник од опозиција или пак мнозинство, оти не се знаеше што се во Советот од последните месеци.

На оваа столица сигурно дека нема да седи, резервирана му е една од двете или првата лево или првата десно, односно втората десно, зависи дали ќе биде дел од новото мнозинство или ќе остане на левата страна ако лошо поминат на изборите.
Некои ќе речат и на едното и на другото се седи. И тоа тоа е точно, но за советниците, односно политичарите нема песна како што е за поштарите, онаа што ја учевме и да врне и да вее и бура да коси тоа за него ништо не е, поштар пошта носи.
А, има и една книга, од неа и филм и претстава се правени со наслов „Трамвајот наречен желба“ од Тенеси Вилијамс.

Таа веќе не води битка за советничко столче, туку за тоа во големата зграда каде има удобна фотелја, а патот до клучот ќе треба да се извози уште 17 дена, ако не ги броиме оние кога ќе молчиме.












