На БАС се одржаа петите по ред „Менаџерски муабети“. Тема на панел дискусијата беше Претприемачката транзиција. Овај настан е дел од Седмата меѓународна конференција насловена „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ која што ја организира Бизнис академија Смилевски и БАС Институтот .

„Два значајни настани се одржуваат на БАС . Во „Менаџерските муабети“, истакнати практичари од областа на менџментот, организациските науките и бизнисот ги истакнуваат и објаснуваат своите искуства во присуство на идните менаџери коишто треба да ги заземат тие повисоки позиции, што значи учесници се средниот и линискиот менаџмент. Ќе се одржи и Седмата меѓународна конференција „Менаџерските предизвици и организациските науки“, која што се одржува во рамките на неколку значајни јубилеи годинава. Да почниме од она 30 години создаваме менаџери со ДЕТРА,БАС, БАСИМ, а од друга страна тоа се совпаѓа со годишнината со основањето на БАС Институтот за менаџмент, тоа доаѓа 10 години од основањето на Институтот и завршуваме со она што е случајно погодено 10 ноември, Денот на науката кога е и роденденот на БАС Институтот за менаџмент и ова сето се вклопува во рамките на одбележувањето на 4-ти Ноември, роденденот на Битола “, рече проф.др.Цветко Смилевски, еден од основачите на БАС.

Транзицијата претставува процес, премин или период на промена од една состојба во друга. Во изминатите години организациите се соочиле со бројни и меѓусебно различни транзиции предизвикани од промените во време, место ,финансии, економија, кризи, развој и слично.

Овие разлики беа разгледани од различни перспективи на панелистите: Трајан Ангеловски, претседател на Сојузот на стопански комори, Наташа Несторовска, член на УО на Стопанска Банка Битола, Христина Фуна сопственик и финансиски менаџер на СИНПЕКС и Благоја Стојчевски, сосопственик и менаџер на ТРИМОД Тим ДОО, кои ги споделија своите искуства.

„Сме на самиот почетокот, краток временски период е овај во нашата држава, од 20- тина- 30-тина години. Постојат одредени компании и институции кои се занимаваат со развојот на овие вештини, и сметаме дека во следниот временски период навистина треба да се обрне максимално внимание во развојот на овие вештини и да се подигне на максимално ниво, затоа што сакаме да бидеме дел од глобалниот свет и сметам дека тоа треба да биде една од клучните вештини“, рече Трајан Ангеловски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

На Седмата по ред научна конференција учествуваат 50- тина научни работници од регионот.












