Нестабилна облачна маса во југозападните планински подрачја проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град.
Околу пладне невремето проследено со интензивни врнежи, грмежи, силен ветер и појава на град од Охридско Струшкиот Регион промени правец и се движи кон југоисток.
Претпладнето Охридско – Струшкиот Регион зафатен од силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Утрово правец на движење на нестабилност од југозапад кон североисток.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес и утре во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.












