ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: МАКЕДОНИЈА Е ВО ВИСТИНСКА НАСОКА, ФАВОРИТИ ПРЕД НАТПРЕВАР НЕ ПОСТОЈАТ

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди на официјална прес-конференција ги споделија своите очекувања за утрешниот натпревар против Бугарија во Разград на отворањето од новото издание на Лига на нации.

Благоја Милевски, селектор на македонската А репрезентација рече:

„За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена, а единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат. Баражите одамна се зад нас, секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери, но имаме шанса да ги провериме можностите на сите повикани фудбалери.

Бугарија е квалитетен тим, имаат одлични фудбалери. Секој натпревар е различен, мора да имате план кој треба да се исполни. Сепак, се прашува и противникот и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот.

Се чувствувам горд кога момците го покажуваат потенцијалот на терен. Задоволство е да се работи со нив како карактери, момци и фудбалери. Во вистинска насока сме“.

Натпреварот Бугарија – Македонија се игра утре попладне во 18:00 часот.