Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со капитенот Мирко Радовиќ, една година пред истекот. Kапитенoт и управата дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во минатата сезона.
Мирко Радовиќ е омилен ракометар во битолската средина, меѓу ракометарите и навивачите и неговиот квалитет и енергија секогаш ќе ни недостигаат. Во него Еурофарм Пелистер имаше лидер, страстен професионалец и пример за помладите.
Црногорскиот репрезентативен капитен со Еурофарм Пелистер освои една Суперлига, два Суперкупа на Македонија, го водеше нашиот клуб низ европските и регионалните успеси и вгради победнички дух кој ќе ни биде водилка низ кариерата.












