„Добредојде Македонија-Welcome Centre“, на 17.04.2026( петок), ве поканува на:
Вториот моден форум на DMWC на тема:
„Мода со втор живот: пренамена, реупотреба и одржливост“, којшто ги отвора вратите за сите коишто веруваат дека: модата може да биде креативна, одржлива и инспиративна!
Настанот е дел од проектот: „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, реализиран со поддршка на Амбасадата на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.
Место на одржување: Офицерски дом-Битола
Регистрација и изјави за медиуми: 10:30 – 11:00 часот
Поздравни обраќања:
- Г-ѓа Емилија Миладинова Аврамчева, претседателка и основач на „Добредојде Македонија – Welcome Centre“
- Неговата екселенција, г-дин Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија
Панелисти на форумот:
- Ирина Тошев-Македонска модна дизајнерка и едукаторка за одржливост
- Силвана Атансовска-Reuse Center Битола,.
- Марија Магдалена Петковска Микаровска –„Ministry of Second Hand“,
- Фируз Мемет- ЕКО ТЕКСТ Груп ДОО
- Јулијана Поповска –ТекстилЧЕ
Панелот ќе ги афирмира можностите на модата со „втор живот“, спојувајќи креативност, одржливост и практични решенија кои ја обликуваат иднината на модната индустрија во Македонија.
Форумот е уникатна можност за: размена на знаење, позитивни практики, инспирација и создавање контакти со експерти кои го трансформираат текстилот во одговорна и одржлива мода.













