ТЕРА

REKLAMA???

МОН ПРЕКУ БЛОК ДОТАЦИИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ НА УЧИЛИШТАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Министерот за образование Јетон Шакири се согласува дека има ризик за наставата со физичко присуство. Проблемот како што рече во интервју за Радио Слободна Европа ќе се решава во работна група, а се чешлаат и сметките за да се види дали има заостанати пари од блок дотации од минатите години, како и други средства кои може да се пренаменат за греењето.

„Ако имаме неискорестени блок дотации, ние тие блок дотации ќе можеме да ги организира и да се користат за можноста училиштата да не се затворат“, кажа Шаќири.

Министерот беше прашан кој е неговиот став за барањата на дел од градоначалниците да се продолжи зимскиот распуст како алтернатива наместо он лајн настава? 

„Мојот сатав е дека ако сакаме физичко присуство на настава можеме да организираме сите тие буџетски средства да ги рационализираме, за да можеме да имаме физичко присуство на настава. Јус сум на ставот учебната година да е со физичко присуство, да е во овај период во зависност од тоа другите буџетски средства да можеме да ги организираме за да можеме да ги пренамениме, за да имаме настава со физичко присуство“, рече Шаќири.  

Тој вели дека се очекува до крајот на октомври или почетокот на ноември да стигнат учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение.

„Искрено, кога велиме не добија буквар, добија подготвителни материјали што се однесуваат на него. Има две фази на одредување на постапките. Една постапка е поврзана со Комисијата, доставување на наставни програми, повик до автори. Образложив дека во овој период сакав да немаме временски притисок врз авторите за да имаме изработка на квалитетни учебници и за математика и за другите предмети и за букварот итн. Другата постапка е поврзана со процесот на ребаланс на буџет, а истовремено се организираше и постапка кадешто имаше временски рокови во кои требаше да заврши таа постапка, вели министерот Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа и најави учебници до ноември.

Министерот во интервјуто и за тоа како да се надмине проблемот со недостиг на наставен кадар.