ТЕРА

REKLAMA???

НАД 45.000 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Над 45.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6. февруари, известуваат медиумите од овие земји.

Информациите говорат дека бројот на жртви може да се зголеми затоа што многумина се уште се водат како исчезнати под рушевините. Бројот на загинати е 39.672, а во соседна Сирија се регистрирани над 5.800 смртни случаи.

Единаесет дена по земјотресот, тројца преживеани вчера беа извлечени од урнатините, вклучувајќи го Хакан Јашиноглу, кој беше спасен во јужната провинција Хатај по цели 278 часа.

Хуманитарните организации велат дека на преживеаните ќе им треба помош со месеци зашто огромен дел од клучната инфраструктура е уништен.