ТЕРА

REKLAMA???

НАЈВПЕЧАТЛИВИТЕ ТАШНИ ОД МИЛАНСКАТА МОДНА НЕДЕЛА И ПОП АП КАФЕ БАРОТ НА ЛОРО ПИЈАНА

Периодоб вниманието на вљубениците во модата, го привлече Миланската модна недела, каде што светските италијански модни куќи ги претставуваа нивните колекции за сезона есен/зима 23/24.  Покрај најновите колекции на облека, неизбежен аксесоар се ташните, а Миланската модна недела понуди интересни модели.

Едноставен факт: некои ташни е тешко да се погледнат без веднаш да почувствувате интензивна желба да ги имате.  Миланските модни писти за есен 2023, без сомнение, поттикнуваат страсно, широко распространето чувство на копнеж поради нивниот чист стил.

Замислете да ја носите најновата ташна на Мошино, со цветите мотиви, или ташната на Фенди прекриена со надворешни џебови со монограм. Дизел понуди ташни со  испечатени насмевки, додека Макс Мара промовираше ташни во боја на млечно чоколадо. Препознатливиот монограм на Гучи и понатаму останува како главен детал на нивните модели.

Минатата сезона италијанската модна куќа Лоро Пијана отвори поп-ап цвеќарници во Милано каде посетителите добиваа цвеќиња како подарок. Оваа сезона во срцето на градот, исполнет со посетители на модната недела во Милано, брендот го претстави концептот на поп-ап кафе бар каде служат мача, кафе и чај со состојки од Монголија, Перу и Нов Зеланд. Сите гости добија чаша од стакло и дрво украсена со логото на Лоро Пијана. 

Покрај активирањето на поп ап кафе барот, Лоро Пијана ја претстави својата колекција со изложба која прикажуваше совршенство. Брендот понуди единствен начин да се доживеат нивните материјали и креации.