Најмалку 100 лица загинаа, а други 150 се повредени во пожар кој избувна на свадбена веселба во северен Ирак. Повеќето од жртвите се млади луѓе, а најмалку 50 од повредените се во критична состојба.
Пред болницата во Ал-Хамданија синоќа имаше толпа луѓе кои се обидуваат да им помогнат на повредените.
Пожарот избувнал околу 10:45 часот по локално време (19:45 часот по Гринич) во областа Ал-Хамданија во провинцијата Ниневија во северен Ирак. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, но првите извештаи говорат дека тој избувнал откако бил запален огномет.
Властите за цивилна одбрана соопштија дека пожарот предизвикал пад на делови од таванот на свадбената сала поради употребата на високо запаливи, евтини градежни материјали.












