„Воде нас свјетла“ е најновиот видео запис соработка помеѓу КОД 369 и Паркети. Песната е наменета за целиот регион и објавена со пооддршка на Кроација Рекордс . Се работи за песна во инди-поп стил и раскажува приказна за претстојниот летен период во кој ќе се случуваат многу авантури, симпатии и случајни средби кои имаат потенцијал да се претворат во долготрајни другарства и љубови.
Музиката е на Сашо Паркет, текстот е на Ирена Димовска, а аранжманот е на Даниел Митревски и Сашо Паркет. Музиката е снимена во студиото Ателје на Даниел Митревски, видеото е на Дејан Трајчевски – Ендорс Продукција.













