ТЕРА

REKLAMA???

НА ПРВОТО ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЗАПИШАНИ 20 УЧЕНИЦИ

Вчера беше второто пријавување од првиот уписен рок и за средните училишта во Битола и информиравме за шесте општински училишта, а денеска за седмото, односно државното музичко училиште.

За наредната учебна година во државното музичко училиште во Битола според конкурсот предвидени се места за 68 ученици, во два класа.

Едниот клас изведувачи, а другиот музичар теоретичар и традициски играч-пејач, насока што прв пат е воведена во ова училиште. И двата класа се со по 34 ученици.

По првото пријавување запишани биле вкупно 20 ученици, по приемните испити кои што се спроведуваат тука.

Тоа значи дека за вчерашното второ пријавување слободни беа 48 места и во двете насоки и очекувањата се дека ќе биде пополнета вкупната квота.

Инаку музичкото училиште во Битола е држано училиште и директно под министрството за образование, за разлика од останатите шест средни кои се општински училишта.