Утрово 5 степени во Лазарополе, 6 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 8 Берово, 9 Крушево, 10 Охрид, Претор, Скопје-Петровец, 11 Битола, Прилеп, 12 Крива Паланка, Штип, Тетово, Струмица, Демир Капија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дојран, 14 Виница, Гевгелија.
Наврнат воден талог 4 л/м2 на Попова Шапка, 2 Пожаране, Битола, 1 Крушево.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е умерено до значително облачно со слаб ветер од променлив правец.
Претпладне променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени. Во Битола до 19 степени.












