ТЕРА

REKLAMA???

НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ

Портокалов метеоаларм е издаден за пет региони во Хрватска во околината на Загреб, Осијек, Карловац, Риека и Госпиќ. Според прогнозите на ДХМЗ, локалните врнежи пропратени со грмежи се најавени околу пладне, а особено во вториот дел од денот и во вечерните часови е можна појава на грмежи со засилен ветер и град.

Во земјата се санираат штетите од невремето кое најмногу ги погоди Загреб и Славонија, а олуја ја опустоши и Истра. За само 15 минути била предизвикана огромна штета од Умаг до Пула, а посебно настрадал и Новиград каде е исчезнато едно лице, пренесува ХРТ.

Медиумите пренесуваат дека од вчера со бродови се трага по исчезнатиот кој неофицијално бил турист и за време на олујата паднал од едрилица во морето.

И Словенечката агенција за животна средина (Арсо) денеска издаде портокалово предупредување за невреме во цела Словенија, во периодот од 14 до 23 часот. Според Арсо, можна е силна бура, со град и налети на ветер и грмотевици.

Предупредување за невреме, односно црвен метеоаларм е издаден и во делови на Србија каде се регистрирани и три жртви по вчерашните поројни дождови и грмотевици.

Невреме кое е последица од суперклеточна бура вчеравечер ги зафати и Војводина и подрачјето на Белград, а големите дождови проследени со силен ветер предизвикаа проблеми во сообраќајот. Во Нови Сад загина 12-годишно дете, најверојатно од гром или струен удар додек било надвор. Во месноста Детелинара невремето соборило кран на градилиштето, кој при падот оштетил три соседни згради. Како последица на невремето, делови од Нови Сад останаа без струја.