ТЕРА

REKLAMA???

Објавени резултатите за изложбата “Битола 2022”

По завршувањето на Меѓународниот ликовен конкурс за изложбата “Битола 2022” Меѓународното стручно жири на “Малиот Битолски Монмартр ги соопшти годинешните резултати. Гран при оди за Турција, а почесната награда “Коста Хаџи-Антоновски“ во Русија.

Меѓународниот ликовен конкурс беше распишан на 10 септември 2021 година а траеше до 20 февруари 2022 година. Пристигнаа пратки од 450 училишта со над 22.500 цртежи од 40 земји од Европа до Азија.

„Овогодинешните резултати за јубилејното 40-то издание на Меѓународниот ликовен конкурс за изложбата “Битола 2022” се секако и најава и основа за одржување на 41-вото издание на “Малиот Битолски Монмартр” кој по пауза поради Пандемијата оваа 2022 година повторно ќе е со посета на детските ликовни амбасадори од цел свет кои низ Битола традиционално ќе творат во периодот од 23-ти до 30-ти мај 2022 година“, најавуваат организаторите.

Стручното жири од вкупниот број пристигнати творби на конкурсот од 20.000 млади ликовни уметници за 40-тата јубилејна Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2022” избра 777 дела, а истата ќе биде отворена на 23.05.2022 година во просториите на Националната детска ликовна галерија “Монмартр” и ќе трае се до крајот на тековната година.

Меѓународното стручно жири ги донесе и следните одлуки: добитник на наградата “Гран – при 2022” е “Atolye Veysel Acar“ – Trabzon – Turkey, а почесната награда “Коста Хаџи-Антоновски” за долгогодишно учество – соработка и придонес – Ирина Кручинина- Children’s Art Studio “Rostok” – Русија. Награда “Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” за животно дело – Светлана Вешиќ Ралевиќ – Ликовно ателје Артино, Белград.

Наградите  за специјална колекција за училиште одат во Унгарија, Романија и Словенија, а награда за учество на “Малиот Битолски Монмартр 2022“ за 25 екипи кои во периодот од 23 до 30 мај 2022 година ќе престојуваат во Битола со 2 учесници и 1 ликовен педагог.

Неда Маретиќ