ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СРПСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

На српските гробишта во Битола денеска беше одбележан 15-ти септември Денот на пробивањето на Солунскиот фронт и Денот на одбележување на српското единство, слобода и националното знаме.

На церемонијата полагање венци и оддавање почит на загинатите војници, се поклонија пратеници од Собранието на Србија и од Собранието на Македонија, потоа делегации од владите на Србија и на Македонија.

Во име на владата на Србија, почит оддаде државниот секретар Зоран Антиќ во придужба на претставници на амбасадата на Србија во Македонија.

Свежо цвеќе положи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и делегации на Заедницата на Србите во Македонија од Битола, српскиот конзул во Охрид, здруженијата на Србите во Македонија, Република Српска и Црна Гора.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и државниот секретар во име на Владата на Србија, Зоран Антиќ.