Со почетокот на јули започнува и забраната за движење низ македонските шуми. забраната се воведува поради зголемен ризик од шумски пожари. И Националниот парк „Пелистер“ ја воведува, но, сите кои имаат обврски потребно е да пополнат посебен формулар којшто е објавен на официјалните интернет страници на паркот.
Поголемата опасност од шумски пожари од 1 јули до 31 авгус го запира сето движње на човекот низ македонските шуми. Од ЈП Национални шуми информираат дека „забраната се воведува поради зголемен ризик од пожари на отворен простори и важи 24 часа дневно.“
И Националниот парк „Пелистер“ ја воведе оваа забрана, со информација до граѓаните во која посочуваат дека доколку планирате престој во Национален Парк Пелистер, потребно е претходно да се поднесе барање за дозвола за влез. Имено, како и според правилнокот на „Национални шуми’ има предвидено исклучок и тоа „само за лица со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја одобри мерката согласно законските одредби.
НП Пелистер направи електронска верзија на формулар / барање за движење низ шумата за време на двомесечната забрана. Во барањето треба да ги дадете податоците за Вас, вашите контакти – телефонски и електронски, бројот на личната карта, датумот на влез и датумот на излез од шумата, информација за вашетоп возило доколку влегувате со возило, информација за вашата планирана патека по која ќе се движите, локациите кои планирате да ги посетите, секако природата на потребата за движење низ шумата и оправданоста на користењето на институтот исклучок од забраната.
Според ЈП „Национални шуми“ , „За непочитување, физички лица ќе се соочат со парични казни од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Од забраната се исклучени вработените во надлежните институции, како и овластени субјекти што вршат шумарски активности или имаат писмено одобрение. Спроведувањето на забраната ќе го вршат Шумска полиција, МВР, ЈП „Национални шуми“ и други надлежни служби.












