Како што веќе информиравме нови столици за стариот и новиот состав на Советот на општина Битола или малку за стариот и целосно за новиот, оти старите советници само еднаш седнаа на нив на последната седница кога ја гласаа Декларацијата за фер избори. Повеќето од нив беа изненадени кога влегоа во салата и се соочија со новата слика, за многу од нив последна.

Општината огласот за мебелот, односно столиците го објави на 5 јуни годинава и траеше до 12-ти истиот месец, а наведено е дека се работи за набавка од мала вредност.

На тендерот н била

Во склучениот договор со економскиот оператор кој е објавен на електронскиот систем за јавни набавки стои дека за набавка, транспорт и монтажа на ергономска столица 55 парчиња, односно столици сумата со вклен ДДВ е 402.380,00 денари или една столица чини 6.200,00 денари.
Набавени се и 30 парчиња, како што е наведено посетителска столица, секоја од нив чини по 1.850,00 денари или вкупно за сите 65.490,00 денари со ДДВ, а вклучува набавка транспорт и монтажа.

И набавка, транспорт и монтажа на двосед, едно парче кое чини 12.700,00 денари, а со вклучен ДДВ 14.986,00 денари или се вкупно со ДДВ 482.856,00 денари.
Сега салата ќе ги чека новите советници, кои ќе бидат познати вечерта на 19 октомври и кои ќе бидат условно речено новите жители на новиот Совет.












