ТЕРА

REKLAMA???

ОКОЛУ 32 МИЛИОНИ ЕВРА ТЕЖИ БУЏЕТОТ НА БИТОЛА ЗА 2023

Доцна попладнево Советот на Општина Битола го изгласа буџетот за 2023 година. За гласаа 16 советници од ВМРО ДПМНЕ и Поинаку, а воздржани беа од СДСМ и Левица.

Основниот буџет е над 910 милиони денари, а вкупниот со дотациите од владата над 2 милијарди денари или околу 32 милиони евра. За мнозинството ова е најтранспаретниот буџет до сега носен во општината заедно со граѓаните.

Опозицијата вели дека од она што го виделе во предложениот текст ништо спектакуларно немало да се случи следната година и дека буџетот е креиран за неколку лица од општината.

Од Лелица рекоа дека нема да го гласаат предлог буџетот на денешната седница.

Разгојната програма на општината меѓу другото предвидува и изградба на 40 нови улици во должина од 22,4км, Нови уредени простори со бехатон и асфалт со вкупна површина од 126.000 м2, изградба и промена на нова канализациона мрежа во должина од 7.2km, изградба и промена на нова водоводна мрежа во должина од 7.2км, изградба на ново улично осветлување во должина од 2км, изградба на нови објекти од високоградба со вкупна површна од 3047м2,

Мнозинството прифатило дел од предлозите на опозицијата.

Претседателката на Советот Илиевска вели дека се донесоа програмите на општината и дел од програмите на јавните претпријатија. Тие како советничка група гласале против програмите на Комуналец, Водовод и Жабени.

На денешната седница присутен беше и градоначалникот Коњановски.