ТЕРА

REKLAMA???

ОН ПОБАРАА РУСКИТЕ ТРУПИ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД УКРАИНА

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на годишнината од почетокот на војната во неговата земја, објави дека оваа ќе биде година на победа на Украина.

Зеленски вели дека на 24 февруари милиони Украинци направија избор и избраа отпор и борба.

„24-ти февруари, милиони од нас направија избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегање, туку соочување со непријателот. Отпор и борба“, напиша Зеленски.

Шефот на военото разузнавање на Украина, Кирил Буданов, предупреди дека Русија планира ракетен напад на 24 февруари, по повод одбележувањето на денот.

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) одобри необврзувачка резолуција, со која се повикува Русија да ги прекине непријателствата во Украина и се бара повлекување на руските сили.

Со ова, ОН испратија порака дека агресијата на Москва мора да престане. Пораката доаѓа во пресрет на првата годишнина од инвазијата.

„За“ резолуцијата гласаа 141, против беа 7, а 32 беа воздржани.