ТЕРА

REKLAMA???

ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ГО ОБЕЛЕЖА ПАТРОНАТОТ

Kлиментовото завештание во градот е испочитувано и преку оснвното училиште што го носи името на големиот просветител. Oпштинското основно училиште Kлимент Oхридски синоќа го одбележа својот патронен празник. Втора година со ред сите ученици, а тоа се околу 1000 ученици од различна возраст, активно организираа настани кои финишираа со свечена академија.

36 години Основното училиште „Св. Климент Охридски“ ги гради новите генрации Битолчани или попрецизно граѓани на светот. Важи за едно од најдобрите, а секако е најновото во градот.

Директорот на училиштетот Предраг Созовски информирајќи дека се одбележува 36 годишнината од постоењето на училиштето објасна дека во текот на неделата се спровеле многу наставни и забавни активности.

 

Во текот на предпатронатската недела членовите на Детскиот парламент предложиле хуманитарна акција, којашто била прифатена и од наставниците и од учениците. Храна, облека и друго прозводи наменети за семејствата на ученици со помали финансиски можности. Предизвици има различни, но наставниот тим и раководниот тим плански активно одговараат на нив со заложба за трајни решенија.

Се заблагодари на амбасадата на Јапонија во Македонија од кадешто добиле грант од преку 80.000 евра со кои го изградиле покривот.  Ги најави следните големи проекти што ги реализираат со Општината – изградбата на надворешни спортски терени и поставување на фотоволтаици.

Созовски на патронатот на училиштето се заблагодари на сите кои им помагаат и им овозможуваат да се решаваат крупните, проблемите кои се појавуваат со училиштето како градба. Се заблагодари

Основното училиште Климент Охридски во Битола изградено е во 1989 година. Освен редовната настава, реализира многу проекти кои ги посдготвуват учениците на живот надвор од училишните клупи. Истовремено се грижи за нивни добри спомени, како синоќешниот патронат.