Општина Новаци донираше за кабинетот за практична настава во Средното медицинско училиште д-р Јован Калаузи, а по тој повод градоначалникот Стевче Стевановски го посети училиштетот, односно опремата и кабинетот за практична настава.

Со донацијата го опремивме со современа опрема која содржи терапевтски маси, рачни динамометри и други уреди кои ќе им обезбедат на учениците практично искуство на професионално ниво а на некој начин инвестираме во иднината. Како градоначалник на Општина Новаци, силно верувам дека една од највисоките форми на одговорност што ги носи јавната функција е грижата за идните генерации – особено преку вложувања во образованието. Затоа, со особена чест и чувство на општествена одговорност, дониравме финансиски средства за опремување на кабинетот за практична настава за образовниот профил физиотерапевтски техничар во Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола“ вели градоначалникот на Новаци.

Кабинетот е опремен со современа масажна и терапевтска опрема – неопходна за стекнување на практични знаења, вештини и компетенции.

„Нашата цел е јасна, да создадеме подобри услови за едукација и професионално усовршување на младите кадри кои ќе се грижат за здравјето на нашите граѓани. Поддршката за овие ученици значи поддршка за едно похумано, поздраво и поодговорно општество. Новата опрема ќе им овозможи на учениците да се стекнат со современи практични вештини, подготвувајќи ги за професијата и придонесувајќи кон развојот на здравствената заштита во нашата заедница“ рече Стевановски.

Градоначалникот Стевановски потенцираше дека Општина Новаци и Советот и понатаму ќе биде поддршка и максимално ќе биде посветена кон образованието и здравјето на младите.















