ТЕРА

REKLAMA???

ОРГАНИЗАТОРИТЕ СПРЕМНИ ЗА ВТОРИОТ ПЛАНИНСКИ МАРАТОН НА ПЕЛИСТЕР

Здружението „PELXTR“ од Битола, официјален организатор на „Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ денес одржа прес конференција со која го најави настанот.

Директорот на трките Ненад Лазиќ гордо истакна дека организаторите се спремни за трката уште утре да започне.

„Трките оваа година малку ги променивме со цел да се поправиме во некој сегмент за кој ние органиизаторите увидивме некои мали недостатоци. Исто така ја сменивме саатницата на стартот. Најкратката трка има промени во патеката, а по стартот во Битола се трча до Неолица, а потоа целта е Ниже Поле. Сметаме дека ќе биде атрактивно за сите тркачи, како и за битолчани. „Кралската“ диспиплина на 115 километри стартува во петок и таму ќе имаме странски тркачи, а некои од се тука по втор пат, бидејќи како рекоа ова е алпска трка и освен на Алпите ја нема никаде и им чест да ја трчаат.

Имаме пријави од Јапонија, Нов Зеланд, Чиле, Арапските држави, Словенија, Хрватска и од Македонија. Тука е нашиот сограѓанин Ристо Димитров, кој со тим доаѓа од Оман и има амбиции да победи“, рече Лазиќ.