Mакедонската држава има своја програма со која се стимулираат македонските иселеници да се вратат во родната земја. Се реализира со целата инфраструктура на Министерството за надворешни работи и Агенциајта за иселеништво. Сепак, некои финеси, а не само заработката, ги спречуваат младите да се вратат во земјава.

Се сеќавате на шегата изведена од процедурата за добивање на македонски пасош за иселениците? Онаа која вели дека никој од нив нема македонски пасош затоа што додека им трае одморот во Македонија, државата неможе да го направи?
Дали е слична ситуацијата кога се работи за враќањето на младите во земјава откако извесен период, можеби и цела декада живееле и работеле во некоја од странските земји?
Доколку сте просечно семејство – два возрасни и две малолетни лица, вкупно четворица, пред почетокот на живот во Македонија потребно е да се поминат неколку институции како животот би продолжил да тече со иста динамика, само дома. Тоа редовно вкклучува здравствени прегледи, разговори со социјални работници од центрите за социјални работи. Доколку сте го стекнале образованието во странство треба проверка.
И тука може да започне вашето премислување.
Младите семејства на високообразовани професионалци кои еднаш заминале од својата родна земја, а сега се повеќе се враќаат реагираат на исцрпувачкит процес за нив и нивните деца.
Треба да минувате низ процесот на Признаваање и еквиваленција на свидетелство за основно образование, да составите барање за признавање на свидетелство во странство- нострификација на диплома и посебно барање за признавање на странската високообразовна квалификација и тоа за секоја година сосе предмети поединечно.
Се може да се направи електронски – дигитално. Но, првата споредба започнува со обемноста на документи кои се потребни. Така, без разлика за кој степен образование се работи и дали се однесува на млалолетни деца – потребни се орогинал свидетелсктва – уверенија, дипломи на увид, оригинални дипломи заверени со апостил печат само за некои земји, плус два примероци од кои едниот е заверен на нотар, две копии – од нив една заверена на нотар, и два преводи кај овластен судски преведувач – едниот заверен на нотар, па оригинал свидетелства за секоја завршена година во средно образование што се носат на увид, и по две фотокопии од секое свидетелство, секако и оригиналот сиведелство за завршемо образование наречено уште и диплома и уште нешто други дополнителни документи кои вели може да се симнат од њеб странта на МОН. Патем треба и оригинал и две копии една заверена на нотар од Изводот на родени, венчани и по два примероци од истиве документи преведени кај овластен судски преведувач една заверена на нотар и копии , а треба и оригинали, копии и од државјанството. Ако се работи за малолетни, оригинал и копија и превод на дозволи согласности и други потребни документи од двата родители.

Последниоте документ за кој не треба копија и превод и нотарска заверка е Доказ за уплатени средства за нострификација – оригинал уплатница со уплатени 3000,00 денари. За оваа постапка има и такса од 250денари. Но, вкупната сума не е 3.250 денари.
Хипотетската ситуација вели двајца родители со различен степен на образование и професија, две деца на различна возраст и училиште. На сумата од 3000 денари треба да се додадат и парите за превод, нотарска заверка и апостилот. Па така проценката на трошкот се зголемува од4.500 до 7.500 денари. Ако сте доктор на науки што учел во странтво и во различни земји, трошокот може да стигне од 10.000 до 17.000 денари само за делот свидетлства и дипломи. И тоа само за делот образование.
Последниот момент за премислување е фактот што мнозина од тие што се враќаат припаѓаат категоријата млади квалификувани поединци, кои се сметаат клучни за развојот на земјите. А во Македонија , за разлика од Србија или Албанија на пример, нема програма којашто ќе им помогне во пронаоѓање на работа за вистински да го остварат својот потенцијал откриен во светското образование и работно ангажирање.












