ТЕРА

REKLAMA???

ОСУМДЕСЕТТИНА САНАЦИИ НА ЗАФАТИ

ЈП „Водовод“ Битола информира за теренски активности за одржување на водоводната мрежа во Општина Битола за месец Февруари 2023.

Во соопштението од претпријатието се вели дека изминативе денови, екипите на ЈКП Водовод Битола, спроведоа 80-тина санации на дефекти на повеќе локации во Општина Битола.

Исто така формиран е тим кој врши контрола на функционалноста на затворачи (шибери) од различен обем.

Извршена е контрола на 140, од нив 8 беа неисправни и истите се ставени во функција, со што се реализира и програмата за проверка и санација на овие важни елементи од мрежата на ЈКП Водовод- Битола, а со тоа се намалува прекинот на водоснабдувањето при интервенции или дефекти.

Исто така, активно се работеше на редовните активности околу оддржувањето на водоводната мрежа, со цел квалитетно и непрекинато водоснабдување во нашиот град, велат од битолски „Водовод’.