ТЕРА

REKLAMA???

Пак дефект на водоводна цевка на ул. „Васко Карангелевски“, велосипедската „капут“

Жителите на зградите 64 и 85 од населбата „Ремо“ како и комплексот „Веро“ на улицата Васко Карангелевски од утринава  немаа регуларно водоснабдување. Причина за тоа беше дефект на водоводна цевка на улицата.

Од „Водовод“ информираа дека се работи за дефект на ПВЦ ф-160.

Дали повторно, заради политиката на интервентни зафати наместо целосна реконструкција и заменување, се случува дефект и населението останува без регуларно водоснабдување, се до „отстранување на дефектот“- некогаш повеќе, некогаш помалку часови, некогаш дење на жешкото, некогаш ноќе на дождови.

Зградите од населбата „Ремо“ се класичен примен на социјалистичка архитектура на колективни згради за домување, изградени пред околу 40 години со водоводна мрежа поставена догаш и тоа од стари челични и некаде ПВЦ цевки што е сеуште во функција. Комплетна и целосна реконструкција на главните подземни линии нема.

Но, има нови инфраструктурни зафати што ги направи општината, пешачката патека и велосипедска патека.

Со новиот дефект има нова капитулација на велоспедската патека!

 

Неодамна, нестручно поставените прскалки ја поплавија оваа патека. Најновата санација повторно значи повторно раскопување на велосипедската патека, една од новите инфраструктурни зафати на општината.

Јавното претпријатие „Водовод“во своето известување денеска отворено ја признава последицата од нивните градежни работи и ископот врз велосипедската патека и, иако најавува враќање во првобитната состојба, пак се појавуваат дилеми, за квалитетот на работите, за доброто планско работење со инфраструктурата во градот, за креативниот циклус во управуањето со градот од избраните. За да заврши со заклучокот дека јавните претпријатија повторно ќе имаат непредвидени трошоци, запоставени редовни работи во корист на итните, и, незадоволни граѓани.

 

Експертите велат дека „Секоја градежна интервенција врз свежо изведена инфраструктура го нарушува нејзиниот квалитет, а принципот „сечење и крпење“ не само што го нарушува естетскиот изглед, туку и долгорочно ја подрива стабилноста на коловозот и пешачките зони.“ И велоспедските.

Па се јавуваат дупки и длапки кои не укажуваат на услови за безбедно движење ни на пешаците, ниту на велосипедистите.

А се завршува со дополнителен трошок, што се наплаќа од граѓаните.