Со овој телевизиски спот Јавната Установа Национален Парк „Пелистер“ ја најавува можноста да го искусите адреналинскиот парк, а загарантирана е можноста за нови убави спомени. Поводот е денот на независноста на Македонија – 8 Септемри.
Ги покануваат сите и велат да го прославим е денот на независноста со слободен дух и силна енергија, в понеделник, на 8 Септември на локацијата непосредно до Инфо центарот, на пладне во 12.00часот. И велат „За денот на независнота, се собираме на Пелистер за да ја прославиме слободата на начин кој го одразува вистинскиот дух на независноста – со движење, музика, природа и заедништво. Ова е ден кога не само што се сеќаваме, туку и ја славиме силата да одлучуваме самите за себе – како поединци и како народ. Слободата ќе ја почуствувате на планина, под отворено небо, со луѓе што ја делат истата енергија“.
Посочуваат да се подготвите за авантура која ги поместува границите на храброста – и за возрасни и за деца За 300 денари возрасните, а за 100 децата може да се пробаат во посебно организираните игри на адреналинскиот парк кадешто има висечки мостови, платформи на дрвја, пречки за совладување, има качувања по мрежи. Може и тимски да се организирате, во секој случај ќе се забавувате. Адреналинскиот парк е дизајниран да ја поттикне физичката активност, а понудената авантура е забава на безбеден начин. И в понеделник на 8 септември, пелистерскиот адреналински парк ќе биде отворен за граѓаните од 12:00часот до 16:00часот.
Од НП „Пелистер“ напоменуваат дека температурите ќе се движат од 24 степени Целзиусови надолу до 16 степени Целзиусови, па посетителите треба да бидат подготвени за посвежи време. Препорачуваат да носите удобна и соодветна облека – фармерки или цврсти долги пантолони, маица со долги ракави и спортски обувки – за целосна безбедност и уживање.
Ќе има и музичка забава со ди-џеи – Никивор, Котекс, Шваба, Елена Ивановска, а ќе има и можност за закуска.
„На Пелистер, каде што височините се предизвик, а стравот се претвора во сила – почувствувај ја вистинската словода. Диши. Ослободи се. Прослави. Почувствувај. Стани независен“ – порачуваат тимоците од Националниот парк кои в понеделник ќе бидат на планина за сите граѓани.












