ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ГО ДЕКЛАСИРА ЧАИР 2030, ПЕТТА ПОБЕДА ПО РЕД ЗА МОМЦИТЕ НА ИЛИЕВСКИ

Кошаркарите на Пелистер ја запишаа петтата победа по ред во шампионатот на Македонија, откако попладнево во Битола го надиграа Чаир 2030 со 91-70 во дуелот од шестото коло. Околу илјада љубители на кошаерката видоа убави потези, забивања и натпреварот заврши со овации за избраниците на Марјан Илиевски.

По релативно израмнетото прво полувреме, на кошаркарите на Пелистер им беа потребни само пет минути во продолжението, да „побегнат“ и да осигураат нов триумф во домашното првенство. Падна Чаир 2030 во Битола со 21 разлика, во дуел во кој во првиот дел двете екипи премногу грешеа.

Најефикасен кај Пелистер беше Хаџифејзовиќ со 24 поени, а го следеа Караџовски со 15 и Сапунџиев и Карутерс со по 11 поени.