КК Еуро Никел 2005 – КК Пелистер 64-73
Во последниот натпревар од седмото коло, Пелистер стигна до особено важен триумф на гостувањето во Кавадарци, каде беше подобар од Еуро Никел 2005.
Мустафица стигна до висок дабл-дабл, изразен со реализација на 15 поени и 14 скока, но најефикасен во победничката екипа, онаа од Битола, беше искусниот Димитар Караџовски кој даде 20 поени. Блиску до двоен ефект беше и Хаџифејзовиќ, кој направи 12 скока, но имаше „само“ шест поени.
Кај Еуро Никел 2005, прво поентерско име беше Планиниќ, со 22 поени, додека Гавриловиќ заврши со 15 поени.
Во следното осмо коло КК Пелистер в понеделник го пречекува Кожув.












