Еуро Никел 2005 – КК Пелистер 94-70
Суперлигата полека се доближува кон крајот на изданието за 2021/22. По три победи во меѓусебните дуели, КК Пелистер загуби од кавадаречки Еуро Никел 2005 и како второпласиран ќе влезе во плеј-офот, кој почнува следната недела. Натпреварот во „Јасмин“ во Кавадарци екипата на КК Пелистер мораше да го одигра без помошта на казнетите Стајиќ на теренот и Илиевски на клупата.
Кај екипата на КК Пелистер најдобар беше Кесар со 20 поени. Во последното десетто коло од Суперлигата, в недела од 18:00 часот КК Пелистер го пречекува МЗТ Скопје Аеродром.












