На 30.09.2026 во 00:09 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Богомила” во Битола било опожарено патничко возило „фолксваген поло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(74) од Битола. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Битола. Повредени лица нема, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.
Опожарено патничко возило во Битола











