Заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, поднесувам иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје, објави министерката за одбрана Славјнка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

Министерката за одбрана положи цвеќе.

„Во чест и сеќавање на припадниците на македонската армија и полиција кои на ова место близу с. Вејце ги загубија своите животи. Овие настани од минатото не треба и не смее да не разделуваат, напротив тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат. Вечна им слава“ вели Петровска.














