ТЕРА

REKLAMA???

ПОВЕЌЕ ОД 20.000 ПОСЕТИТЕЛИ ДОСЕГА НА ТАКСИРАТ

Музичкиот фестивал ТАКСИРАТ годинава собра повеќе од 20.000 посетители.

Во низата веќе одржани настани, последен и меѓу најпосетените досега беше ПИН – меѓународниот шоукејс фестивал и конференција, кој во склоп на „Таксират“ се одржуваше во Скопје со повеќе од 6.000 луѓе од цела Европа и подалеку, кои во вкупно три дена и три ноќи, како никогаш досега го исполнија буквално целиот простор на Младинскиот Културен Центар. Од 24 до 26 ноември ПИН беше музичкиот епицентар во југоисточна Европа и збирно место на дејците од европската музчката индустрија. Запишувајќи се како еден од најзначајните вакви настани во регионот, ПИН годинава беше домаќин на над 350 делегати, експерти од музичката индустрија од 32 држави, најмногу од Европа но и од другите континенти, меѓу кои беа и повеќе од 60 говорници кои ја збогатија дневната панел-програма, додека пак концертите на скоро 45 изведувачи кои пристигнаа од 16 различни земји ги „оживеаја“ скопските ноќи.

Претходно во рамките на ТАКСИРАТ, се одржаа и низа целосно распродадени концерти и тоа два на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ во Филхармонија, потоа Ману Чао и „Хладно Пиво“ во МКЦ и секако фантастичниот концерт на светски познатиот виолинист, маестро Андре Риу во Арената „Борис Трајковски“. Главната вечер на „ТАКСИРАТ“ е на 7 декември.