Вчера се случија неколку подметнувања на пожари на отворен простор додека траеше невремето со силен ветар во околината на Битола, велат од Територијалнаат противпожарна единица на Битола.

Од таму ги замолуваат граѓаните, да не се пали оган на отворен простор, стрништа, ѓубре.

Доколку се забележи пожар да се пријави на телефонскиот број 112 или 193.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на интервенциите на екипите на ТППЕ Битола, кои успешно ги совладаа пожарите на две локации во непосредна близина на градот.

Од ТППЕ Битола апелираат на совесност и одговорност од граѓаните кон природата со цел да се спречат вакви несакани појави кои зад себе можат да остават големи последици.













