ТЕРА

REKLAMA???

ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ ЗА ТЕРА НА МАСИМО САВИЌ: МАКЕДОНИЈА СЕКОГАШ БИЛА ВАЖНА ЗА МЕНЕ

Веста за смртта на Масимо Савиќ ја потресе целата музичка сцена, на која тој остави неизбришлива трага. Тој почина во Загреб, а тажната вест ја потврдија и од Aquarius Records.Во Македонија доаѓаше од 1983 година, и како што знаеше често да каже во интервјуата за Тера телевизија :

„Македонија секогаш била важна земја за мене.Јас започнав како гитарист и еден од гитаристите од кои многу научив е Влатко Стефановски, а подоцна станавме и пријатели“.Тој ја препеа и „Елено ќерко“ заедно со Гаро и браќата Тавитјан. Во последното интервју за нашата телевизија рече:
„Многу лесно се снајдов во македонскиот ритам. Секогаш истакнувам дека земја која има толку прекрасен фолклор како што е Македонија е среќна земја. Македонскиот фолклор и ритам се едни од најубавите во светот“.

Сопругата Ени и ќерката Мирна со емотивна објава на социјалните мрежи се простија од Масимо:
„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние секогаш ќе бидеме твоите девојки, Ени и Мирна“.

И Бобан Милошески од Авалон продукција, кои беа организатори на неговите концерти во Македонија, се прости од Масимо на социјалните мрежи:
„Мојот пријател Масимо не може да умре.Тој само замина да шири добрина и да пее моќно и од срце… како само тој може, на некое друго место. Овде даде и премногу од себе… засекогаш“.
Круна на кариерата на Масимо беше концертот во Арена Загреб на 5 ноември 2022 година.Масимо беше роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а гимназија завршил во Загреб каде ја започнал својата музичка кариера.Во 1983 година како водач на легендарната група Доријан Греј го издава првиот албум – Sjaj u tami, а две години подоцна и вториот албум Za tvoje oči. По распадот на групата, Масимо започна успешна независна кариера во деведесеттите и издаде четири албуми во соработка со Зринко Тутиќ.По петгодишна пауза, тој објави нов албум со едноставен наслов Massimo, а потоа следуваат познатите албуми Vještina и Vještina 2, кои го вратија Масимо на самиот врв на хрватската мејнстрим поп-рок музика и го потврдија како еден од најдобрите пејачи од овие простори.

Во 2011 година, Масимо го издаде огромниот хит „Iz jednog pogleda“, за кој текстот и музиката ги напиша Предраг Мартињак. Ова беше прва соработка помеѓу Масимо и Пеги, која подоцна продолжи до самиот крај.
Во текот на својата кариера освои дури девет Порин награди за дискографија, а издаде и 17 соло албуми. Осум пати беше номиниран и за медиумската награда на студиото Златни студио, а двапати ја освои наградата – за песна на годината и за најдобар пејач.

Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.
Последното интервју на Масимо Савиќ за Тера телевизија на следниот линк: