И покрај тоа што турските власти најавија дека спасувачките акции по преживеани и жртви завршуваат две недели по разорниот земјотрес што ја погоди земјата, сепак, потрагата под урнатините и натаму ќе продолжи во двете најтешко погодени области Хатај и Кахраманмарас.
Според надлежните, во моментов постои минимална веројатност под урнатините да има уште преживеани.
На југот на Турција и во пограничната област на северот на Сирија досега има најмалку 46.000 жртви
Американскиот државен секретар Антони Блинкен попладнево пристигна во Турција, каде ќе му ја изрази поддршката на САД на својот сојузник, уништен од земјотресот во кој загинаа повеќе од 46.000 луѓе.
Меѓународната невладина организација „Лекари без граници“ повика на итно зголемување на хуманитарната помош во северна Сирија. Конвој од 14 камиони со помош на „Лекари без граници“ за жртвите од земјотресот пристигнал во Сирија преку граничниот премин Ал Хамам од Турција на 19 февруари.












