ТЕРА

REKLAMA???

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ПАУЗА ПОВТОРНО ВО БИТОЛА СЕ ОДРЖА ПАЈНЦА ФЕСТ

Битола отсекогаш го имала оној „музички ген“ што ја одвојувал од другите градови. Иако,главно, се’ се врзува за Скопје, сепак Битола отсекогаш се издвојувала, без оглед за која музика и да зборуваме. Во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во старата битолска чаршија во организација на групата „Паркети“, се одржа фестивалот „Пајнца фест“. Настапија Instinct (Resen), Corrosion, Sound Waves, VEL и Паркети.

 Фестивалот предизвика огромен интерес кај битолската публика, со оглед на тоа што повторно се организира после пауза од 5 години и истиот се одржува на местото каде во Битола за прв пат имало концерти пред кафич, први уметнички перформанси и сл.

Местото на случување е во старата Битолска чаршија, каде кај еден ќош постоело едно мало кафуле, кое  го држел Томче-Пајнцата. Кога рокерите оделе на пијалок велеле – „Одиме кај Пајнцата!“… Тоа било врталиште на сите што слушале рок, хеви метал и алтернативна музика. Со текот на времето почнале спонтано да се случуваат и други културно-алтернативни настани. Во една прилика „Чоканче“ одржале концерт на истото место, а како гости биле неколку млади групи и „Паркети“ кои тогаш ја почнувале кариерата.

Идејата да се оживее ова место била на Сашо Паркет и еве по 5 ти пат се одржа „Пајнца Фест“ во рамките на Бит фест а во организација на „Паркети“.

Многу познати имиња, во сите наведени сфери, се излезени токму од Битола, но убаво е што во овој град сеуште се одржува рок сцената, а овој фестивал е еден од главните виновници за тоа.

На фестивалот претходно настапувале Чоканче, High voltage, Кактус и други.