ТЕРА

REKLAMA???

ПО 32-РИ ПАТ СО ШАМПАЊ ЈА ЧЕСТИТАШЕ НОВАТА ГОДИНА ОД ПЕЛИСТЕР

Новинарот, фоторепортер и планинар Петар Ставрев и оваа година се искачи на Пелистер. Традиционално на 2 јануари со шампања со неговите пријатели испраќа честитка од највисокиот врв на Баба Планина. 

Со многумина свои пријатели и следбеници беше пречекан на пунктот на Македонската радио телевизија, популарно викан на Антена.

Ставрев скоро три децении овој настан го прави на втори јануари. 

Вчерашниот ден на Антена беше посебен, околу стотина вљубеници во притродата и на врвот Пелистер уживаа, притоа посетувајки го и спомен обележјето на Димитар Иливески- Мурато.

И додека Битола е во магла, таму тие уживаа во сонце, дури и по куси ракави, ни раскажа неговиот син Сашо Ставрев кој го овековечи овој настан.

Ставрев ќе наполни 82 години во мај оваа година, а до тогаш има во план да се искачи на најблиските врвови кои се лоцорани околу неговиот роден град Битола