Македонскиот вицешампион Пелистер со пораз го почна турнирот во Сараево.
Во рамките на третото коло, битолскиот тим загуби од Широки со 73-83 и го расипа максималниот ефект што го имаше досега. Одлучи второто полувреме кое му припадна на Широки, но и неколку сомнителни судиски одлуки во финишот кои му одеа во корист на, условно, домашниот тим со оглед на тоа штпо турнирот се игра во Сараево.
Сеад Хаџифејзовиќ беше најефикасен во тимот на Пелистер со 20 поени, го следеше Мустафица со 16 и Карпентер со 11. Вториот меч на турнирот во Сараево, македонскиот вицешампион го игра в петок против Осијек.












