Вчера полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола, реализираа превентивна активност фокусирана на возачите на мопеди, моторцикли, трицикли и четирицикли.
По тој повод беше организирана средба со ченовите на мото клубот „Конзули” од Битола.
На средбата им беше укажана важноста овие превозни средства да бидат технички исправни, а возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и задолжително да носат заштитен шлем или кацига, соопштија од полицијата.












