Изложбата „Нишки“ на Милица Алимпиќ и Александар Џинго беше презентирана во Шабац. Годинава и македонскиот автор Александар Џинго, уметник со богата биографија беше учесник на годинешната Накучанска колонија, заедно со Алимпиќ. Случајно или не, овие двајца извонредни уметници пред публиката на Шабац се претставувија како фигуративни уметници, како сликари чија инспирација е насочена кон женската фигура и нивниот специфичен уметнички ракопис со кој сликаат и ги претставуваат жените како инспирација.

„ Пред нас е изложба со симболично име. Нишки. Она што ги поврзува, Милица со балерини, акробати, жени во движење, создава своја приказна која е приемчива и едноставно привлекува со својата веселост и шарм. Изложените креации индиректно укажуваат на зрелиот и втемелен ликовен став, чувствителност и исклучителен сензибилитет на авторот.
Сликарскиот опус на македонскиот уметник формира една компактна и концептуална целина, со појава на неколку константи кои го претставуваат специфичниот изразен јазик на овој автор – минималистички концепт, референцијалност, сликарски процес што е свеж и чувствителен како и женските фигури на нив.Метафоричните и експресивните својства на неговите слики, асоцијативни наместо наративни и цврстите елементи ја градат динамиката и напнатоста на сликата, го претставуваат специфичниот јазик на авторот“, беше истакнато на изложбата.

Со оваа изложба двајцата големи автори, Милица Алимпиќ Илиќ и Александар Џинго, ја претставуваат својата сликарска креативност, која за нив е и средство за истражување на личниот и интимниот простор, односно изградбата на внатрешниот простор во однос на екстериерот. Длабоко поврзани со внатрешните нишки на овие двајца автори.

Исклучително талентираниот уметник е роден во Прилеп, кој уметничкото образование го започнал во далечната 1991 година, и го завршил во 2003 година во Скопје, како магистер по ликовна графика. Се занимава со повеќе ликовни дисциплини, покрај графиката ги негува сликарството, модниот дизајн и костимографијата, во кои ја манифестира својата креативност и имагинација.
Моментално живее во Прилеп, каде што работи како професор во средно училиште.












