ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „КОРЕНИ“ ВО БИТОЛА

Во Свечената сала на Офицерскиот дом, се одржа музичкото патување низ традицијата. Посетителите имаа можност да уживаат во прекрасните преработки на традиционални  македонски песни во изведба на врвни изведувачи преку проектот „Корени- Roots“ на Нико Ѓорѓиевски. Специјални Гости беа „Зарина Прва Севда и Јаничари“.

Традиционалните македонски песни се вечна инспирација на генерации музички артисти. За Солуна, за Стамбола, Битола не давам… Сношти минав…Параходот, беа само дел од ова музичко патување. Кога оперски тенор, а на сето тоа и битолчанец ќе запее, емоциите не може да се сокријат па така беше и оваа вечер во Офицерскиот дом.

Еден поинаков современ аранжмански пристап кој дава личен печат и доживување на традиционалните македонски песни спојувајќи го традиционалото  и модерното, а кога ќе се спојат личните музички  енергии и афинитети со оние на традицијата  во една синергија, доаѓате до корените, продолжувајќи  ја потрагата по тајната на празвукот, затоа што со него почна и со него завршува се.

„Корени“ е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни (музички) влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли/филозофии на протагонистите. 

Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања.